Група од околу 50 малолетни лица во центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти Мориа на грчкиот остров Лезбос, утрово предизвикала мали инциденти, барајќи веднаш да си заминат од кампот, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од грчката полиција, веднаш биле мобилизирани припадници на полицискиот тим за спречување на криминал за да ја смират ситуацијата, но биле нападнати и интервенирале со еден фрлен солзавец.
Откако малолетниците биле префрлени на безбедно место, тим за преговори разговара со нив за справување со настанатата ситуација.