Иако од сите позитивни случаи годинава, 13.000 или околу 10 отсто биле деца до 18 години, оваа бројка не ја дава реалната слика, особено периодов, бидејќи голем дел од родителите земаат брзи тестови од аптека и ако е позитивен не прават ПЦР тест, вели д-р Мира Атанасова за ТВ Канал 5, специјалист педијатар која додава дека ова е навика и на дел од возрасните пациенти на која таа им е матичен лекар.

Токму поради ова, смета д-р Атанасова, потребно е или да има неколку недели он-лајн настава до распустот или да се следи примерот на европските земји со комбиниран модел на учење.

Според децималите кои како официјална информација Канал 5 ги доби од Министерството за образование бројот на потврдени случаи кај учениците не е променет од почетокот на учебната година, па просекот изнесува по 50 деца на ден, а активни се 720 случаи.

Оваа бројка е далеку од реалната и со нејзе МОН и Царовска манипулираат, бидејќи бројот на откриени позитивни деца не ги опфаќа сите асимптоматски слуачи кои кај децата се побројни откоку кај возрасните.Во мнпгу одделенија, нема помалку од 1 отсто заразени, туку меѓу 10 и 15 отсто позитивни врз основа на тестови.

Последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје пак, бележи пад од 8 % на епидемиолошката крива, па за седум дена има регистрирано околу 2.000 случаи.