Игор ПЕХЧЕВСКИ
Денеска лекот Трикафта го поделија уште на 4 пациенти. Јас не сум ни во оваа група. Повторно сум хоспитализиран но сега на Детската клиника во Скопје, со влошена здравствена состојба. Треба да чекам да влезам во терминалната фаза за да го добијам лекот кога нема веќе ни да ми делува. Постапете ВЕДНАШ и СЕГА, за да не ни се случат и други немилии случаи како со БЛГОЈЧЕ.
Болеста е прогресивна и непредвидлива, и никој не знаеме што го чека утрешниот ден. Секој ден го живееме во СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ!
Престанете да тактизирате со нас болните од цистична фиброза. Не си играјте пинг – понг со нашите животи!
Направете го го тоа што го бараме од Вас СЕГА и ВЕДНАШ за да не биде предоцна за секо еден од нас. Правете добри дела за со добро да ви се врати.