Пејачка од соседна Бугарија, која потекнувала од Пиринска Македонија, ја одушеви публиката на народниот собир, во кумановско Старо Нагоричане, како со песната така и со симболот на фустанот.
Таа на настапот носеше фустан со Сонцето од Кутлеш. Публиката ја дигна на нозе кога пејачката почна да пее познати македонски патриотски песни.
„Вардаре, Пирин кај ти е“, „Едно име имаме“, „Ја, излези Ѓурѓо“, „Послушајте патриоти“ се само дел од песните кои ги испеа пејачката, а кои заедно со нејзе ги пееше и публиката.