Пејачката Мишел Вилијамс, која се прослави со Ар-енд-би бендот „Дестини’с Чајлдс“, се пријавила на лекување во приватна психијатриска установа поради депресија, јавуваат американските медиуми.

Пејачката која и претходно не ги криеше своите ментални проблеми, од пред неколку дена се лекува во болница близу Лос Анџелес.

– Со години се залагам за тоа – да се подигне свеста за менталното здравје и за охрабрување на луѓето да препознаат кога да побараат помош, поддршка и поттик од луѓето што ги сакаат и се грижат за нив. Сега горда и среќна можам да кажам дека ќе продолжам да бидам пример и неуморно ќе се борам за помош на оние на кои им е потребна, напиша Вилијамс на друштвените мрежи.

„Дестини’с Чајлдс“ беше еден од најпопуларните женски бендови на почетокот на третиот милениум, а покрај Вилијамс, таму членуваа и Бијонсе и Кели Роланд.