ПЕЈАЧОТ ТАРАБУНОВ ОБВИНУВА: Ме уапсија во Битола без причина, ме држеа до 8 наутро и ме пуштија како ништо да не било

/ 20.02.2022

Македонскиот поп пејач Александар Тарабунов преку својот инстаграм-профил соопшти дека вчера бил уапсен.

– Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапувава, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот не’ држеа до 8 сабајле. Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, се’ е решено, напиша Тарабунов на својот инстаграм профил.


Од истата категорија