Тајван е нераскинлив дел од Кина, странска интервенција е неприфатлива кога е Тајван во прашање, порача Кина по изјавата на претседателот на САД, Џо Бајден.Кинеските власти денеска упатија критика и одговорија на изјавата на американскиот претседател, кој рече дека САД ќе го бранат Тајван доколку е потребно во случај на негов конфликт со Кина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин ги коментираше изјавите на Бајден од вчерашниот форум на Си-Ен-Ен.
– Тајван е нераскинлив дел од Кина. Странска интервенција е неприфатлива кога станува збор за Тајван, рече Ванг.
Тој, исто така, нагласи дека Кина одлучно ги брани своите интереси и нема да отстапи од нив.
– Никој да не се обидува да ја тестира решителноста и капацитетот на Кина да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, истакна Ванг.
Тој ги повика САД да го почитуваат принципот на интегритет на Кина и да не им даваат погрешни сигнали на сепаратистичките кругови во Тајван