Пекинг може да тестира речиси милион луѓе на ден за коронавирусот, изјави денеска кинески официјален претставник, а тестирањето продолжува низ целиот град, во обид да се спречи ново ширење на Ковид-19.
Пекинг, кој има 20 милиони жители, го засили тестирањето во градот откако пред повеќе од една недела се појавија групи на заразени луѓе поврзани со градскиот пазар.
За да се зголеми бројот на персоналот во лабораториите и дополнително да се зголеми капацитетот за тестирање, во Пекинг се испратени дополнителни 200 луѓе од другите покраини.