Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе го продолжи процесот на лекување со хемотерапија, откако во четвртокот вечер беше отпуштен од болницата во Сао Паоло по отстранувањето тумор од дебелото црево.
– Едисон Арантес до Насименто е отпуштен од болницата. Неговата здравствена состојба е стабилна и ќе прима хемотерапија по отстранувањето на туморот на 4 септември, соопшти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Наодот од биопсијата на туморот сè уште не е објавен.
Пеле денеска се огласи преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографии со сопругата и лекарскиот тим.
– Среќен сум што си одам дома. Ви благодарам на сите, кои ми го разубавивте животот со вашите пораки, напиша на Инстаграм легендарниот Пеле, кој на 23 октомври ќе наполни 81 година.