Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го нарече лидерот на републиканското малцинство во тој дом, Кевин Мекарти, „морон“ откако од неа беше побарано да ги коментира неговите критики околу прописите за носење заштитни маски.
– Тој е таков морон!, изјави Пелоси додека влегуваше во нејзиниот автомобил пред Капитол Хил, како одговор на прашање за Мекарти, јави Си Ен Ен.
Нејзината навреда следеше како одговор на критиките на Мекарти во твит за носење маска.
– Не се залажувајте – бидејќи заканата за враќање на маските не е одлука базирана на наука, туку одлука донесена од либерални владини претставници кои сакаат да продолжат да живеат во постојана состојба на пандемија, напиша Мекарти на Твитер.