Претседателката на Претставничкиот дом во САД, Ненси Пелоси изјави дека во преговорите меѓу демократите и републиканците нема да се разгледува обезбедувањето пари за барањата на претседателот Доналд Трамп за ѕид на границата со Мексико.
– Нема да има никакви пари за ѕид во разгледуваниот нацрт закон, нагласи Пелоси. Таа додаде дека ако републиканците имаат предлози за повеќе гранични пунктови или технологии тоа може да биде предмет на преговори.
Според неа, „тоа не се преговори за кои претседателот може да каже: Нема значење што вели Конгресот“.
Демократите и републиканците се обидуваат да постигнат компромис за барањето на Трамп од 5,7 милијарди долари за ѕид на јужната границата на САД. Тие треба да ја завршат работата околу 10 февруари.