Претседавачот со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп бил „кукавица“ и „суров“ заради тоа што не се занимавал со вооруженото насилство, заштитата на имигрантите и климатските промени, туку кажал дека за сите овие прашања гласачите ќе одлучат на изборите следната година.
Запрашана дали демократите се водени од омраза при почнувањето на процесот на отповикување на Трамп, таа жестоко демантираше, изјавувајќи дека конгресмените си ја извршуваат својата уставна должност да спречат злоупотреби на претседателските овластувања, пренесоа британските медиуми.