Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија.
Тој кажа која е процедурата, но доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.
„Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија“, изјави Пендаровски.
Наспроти него, Ковачевски и инволвирнаите министри тврдат дека историјата не е дел од преговорите со ЕУ. Еден лаже, нели?
Сепак, Пендаровски смета дека предлогот треба да се прифати:
„Да останеме про-форма на европските шини, со овој предлог. Ќе има скрининг година и пол, па кога ќе дојде Уставот ќе има избори, кој ќе добие ќе си тера понатаму и ќе види дали ќе „брка“ две третини или ќе оди кон други организации и континенти.“