Ристо Донев е шеесетгодишно лице со церебрална парализа и носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах, кој уште еднаш ја загуби битката со бирократијата. Наградите ги добил натпреварувајќи се со луѓе кои немаат хендикеп, но сепак тоа не било доволно за АМС и Управниот суд да му доделат спортско признание и пензија.
Управниот суд повторно го одби неговото барање за национално спортско признание и го остави Донев да живее на работ на егзистенција, со само 12.000 денари државна помош.
Покрај многубројните освоени признанија, медали и пехари, тој тринаесет години се бори неговите успеси да бидат институционално признати во нашата држава со што ќе му се овозможи заслуженото право на спортска пензија.
Државата е должна да го валоризира ваквиот вонсериски успех на било кој поединец, со цел да се мотивираат и останатите, кој не е само успех за една индивидуа, тука и промоција за нашата држава. Вакви признанија е можно да се издејствуваат и доделат токму од претседателот на државата, со кој Донев оствари средба пред два месеци, каде Пендаровски ја нагласи важноста за институциите да го решат овој случај.
Пендаровски веќе четврта година вегетира на позицијата претседател на државата, немо посматрајќи го поразот кој го трпи Македонија на секое поле. Освен што повремено се појавува да позира загрижен „татко на нација“, за него важат истите зборови кои тој ги употреби фамозно во 2014 година – ,,Претседателот треба да има и слика и тон.” Пендаровски е класичен пример на претседател кој слика има, но тон нема.
Овие луѓе бараат искрена и конкретна помош, а Пендаровски несмасно ја злоупотребува нивната позиција и единствено го гледаме во улога на маскота која позира и дели празни ветувања, кревајќи раце под изговор дека институциите се такви и нема што да се прави. Институциите кои ги владее токму неговата партија СДСМ од 2017 година, а тој самиот е претседател на државата од 2019 година.
Реакција на Политичката Партија Левица