Соединетите Американски Држави ја поддржуваат европската аспирација на … Македонија и очекуваат дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Ова, меѓу другото, било нагласено на средбата која попладнево ја остварија претседателот Стево Пендаровски и заменик-државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, кој е во дводневна работна посета на земјава.

„На денешната средба со Габриел Ескобар, разговаравме за македонските аспирации за членство во Европската Унија и за следните чекори коишто треба да ги преземеме како држава, за да напредуваме во процесот“,

напиша претседателот Пендаровски на својот официјален фејсбук-профил по средбата со Ескобар.

Пендаровски нагласил дека како држава особено ја цениме поддршката којашто Соединетите Американски Држави ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава.

Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори кои треба да ги преземе … Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот.

Дополнуваат дека на средбата станало збор и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Со средбата со Пендаровски, Ескобар попладнето ја почна дводневната посета на државава.