Клучно во борбата против лажните вести е нивно брзо идентификување. Не смее да има простор за целосно измислени теории на заговор или очигледни лаги. Секое одговорно општество кое сака да биде демократско мора постојано да се спротивставува на дезинформациите на организиран начин, тоа не е обврска само на медиумските куќи или бизнисите да ги демантираат дезинформациите. Делумните вистини сè уште поподмолни бидејќи се проектирани да ги намамат луѓето, од кои голем дел од нив не читаат понатаму освен првата реченица пред да ги споделат. Проверете пред да споделите.
Ова е пораката на учесниците, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на САД Кејт Бернс, на дебатата „Штетното влијание на дезинформациите“, во организација на граѓанската асоцијација МОСТ.
Претседателот Пендаровски рече дека во рамки на експанзијата на социјалните медиуми без преседан во историјата на човештвото се јавува еден нов сериозен предизвик и проблем, а тоа е злоупотребата на слободата на говор од јавниот дискурс, а често пати и злоупотреба на правото на приватност.
– Технолошкиот развој и дигитализацијата овозможија достапност на дигитални платформи што се лесни за работа, но истата таа технологија овозможува и брзо ширење на дезинформациите и мултипликација на нивното дејство, создавање алернативна реалност од дезинформации во кои се губи вистината. Сведоци сме на таа појава дури и во најновата криза со појавата на корона вирусот. СЗО од самиот почеток апелираше на информирање од меродавни извори, нагласувајќи и дека постои и епидемија на лажни вести, рече Пендаровски.
Посочи дека веќе со години на глобално ниво се познати трендовите на пораст на лажните вести и дезинформации, појавата на фабрики на тролови односно лажни профили кои симулираат дебата за одредена тема, која е од корист за одредена политичка или бизнис организација како и недостаток на проверка на факти во содржините што се објавуваат. Последниве години, истакна тој, започнаа дебати и за влијанието на социјалните медиуми врз изборите во различни земји отворајќи го прашањето за улогата на социјалните медиуми во развојот на демократијата.
– За да биде ефикасна борбата против лажните вести и дезинформации потребни се здружени напори. Ефективна соработна на државните институции со грраѓанскиот сектор, со медиумите, со образованието, со бизнисите кај кои ке се поттикнува и ористење на најдовбрите практики во соработка со партнери од странство. Секое одговорно општество кое сака да биде демократско мора постојано да се спротивставува на дезинформациите на организиран начин. Не е обврска само на медиумските куќи или бизнисите да ги демантираат дезинформациите. Овој процес, освен што е долгорочен треба да биде и сеопфатен. Наша е одговорноста да образуваме генерации на млади луѓе кои ќе читаат ке имаат развиени аналитички бепштини и ќе разликуваат лага од вистина, подвлече претседателот.
Истакна дека наша обврска е да развиваме свест дека технологијата треба да се користи и за јавното добро. На лажните вести да одговориме со повеќе образование, со развивање на критичка свест кај сите возрасни категории и да дадеме поддршка на граѓанските инцијативи, кои работат на медиумска писменост. – Крајната цел ни е заедничка, а тоа е унапредување и развој на демократијата, заклучи Пендаровски.
Американската амбасадорка Кејт Бернс рече дека овој настан е во вистинското време имајќи го предвид текот на настани, неминовното членство во НАТО на Северна Македонија, претстојните избори, и проблемите со корона вирусот.
– Дезинформацијата за нас е приоритет во нашите напори да дадеме поддршка на Северна Македонија во реализацијата на евроатлантските аспирации преку комбинација на програми, пораки, интеракции низ земјата се обидовме да кренеме црвено знаме на начинот на кој дезинформациите ако не се проверат ја нарушуваат довербата во јавноста не само кај владата или во институциите, туку и во самото општествено ткиво, рече Бернс.
Според неа, вистината не е релативна за фактите не се преговара. – Можеме да дебатираме за мислења и секогаш мора да бидеме отворени и транспарентни и да имаме таков јавен дискурс. Не може да има простор за целосно измислени теории на заговор или очигледни лаги. Јавната безбедност може да биде загрозена и животите да бидат изложени на ризик. Оние кои ги користат социјлните медиуми, порака до вас – секогаш треба да биде размислете пред да кликнете и проверете пред да споделите, рече Бернс.
Оцени дека друг поопасен вид дезинформации се делумните вистини, посочувајќи дека тие се особено подмолни бидејќи се проектирани да ги намамат луѓето, од кои голем дел од нив не читаат понатаму освен првата реченица пред да ги споделат.
– Оние кои ги пренесуваат дезинформациите да нагласам – она што вие го правите е поголема штета за општеството. Немојте профитот да ви го наруши судот. Мрежите на лажни социјални медуми се најголемиот причинител овде. Веб портали кои промовираат дезинформации честопати финансирани надвор од земјата исто така играа улога овие дезинформации, полувистини пристрасни информации изгледаат дека се меродавни и кредибилни. Не е лесно да се утврди ваква неавтентичност, освен ако не знаеме што да бараме и имаме капацитет да го анализираме изворот на приказната, рече Бернс.
Повтори дека САД продолжуваат да работат во земјава во градење капацитети, да помогнат, да обезбат дека, како што рече, ова несакано однесување може јавно да се идентификува.
– Клучното во борбата против дезинформациите е да ги идентификуваме брзо и мислам дека имаме напредок во развојот на капацитетите да го направиме тоа тука. Многу од инфрструктурата на социјалните медиуми преку кои се промовираат дезинформации или е бесплатна или евтина и затоа лесно може анонимно да се воспостави. На веб порталите вообичаено им се потребни пари да функционираат. Кога зборуваме за скриено финансирање кое влегува во земјата преку лажни начини преку лажно рекламирање, на пример како што скоро видовме, сите треба да бидеме загрижени. Не само што потрошувачите се измамени туку кога изворите на финансирање не се транспарентни секогаш постои опасност од перење пари или други незаконски активности. Владините субјекти кои се овластени да спроведуваат прописи да издаваат лиценци се на фронтот на овој напор, рече Бернс.
Оцени дека јавноста треба да развие силни филтри и одбрана да знае кои извори се факти кои мислење, да одличи на кои медиум ќе му верува, а кои треба да ги третираат поскептично.
На настанот се дискутираа различните аспекти на дезинформациите и нивното влијание на социјалните мрежи, како и недоволната свесност кај граѓаните за моќта на социјалните мрежи и штетното странско влијание. Меѓу говорниците беа Викторас Даукшас, директор на иницијативата
Debunk.eu, Литванија, Румена Филипова, Центар за проучување на демократијата, Бугарија, Лук Захнер, советник за односи со јавност во Амбасадата на САД, Ана Петрушева, директор на БИРН Македонија и Росана Алексоска, програмски менаџер на F2N2.