Стево Пендаровски и втор ден во кампањата без Димитар Ковачевски. Лидерот на СДСМ го немаше ниту на централниот митинг во Штип на кандидатот за претседател на неговата партија, известува ТВ АЛФА

За разлика од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова со ветер во грб од Христијан Мицкоски, од Ресен повторно порача дека време е Македонија пак да стане горда.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека време е за промена на претседателот, бидејќи Пендаровски бил само обичен коментатор, кој немал храброст да се спротистави на Али Ахмети.

-Затоа изборот на 24 април најпрвин на 24-ти април е јасен, од едната страна го имате измеќарот на Али, а од другата страна ја имате Гордана Силјановска Давкова, идниот претседател на Република Македонија. Тоа нема да е доволно, мора на осми мај тоа што ќе го започнеме на 24 април да го потврдиме, изјави Мицкоски.

Гордана Силјановска Давкова пак порача дека Македонија мора да оди во Европската Унија, меѓутоа со почитување на меѓународното право, но и националните и државни интереси. Најави политичко помирување и косолидацуија и правда за 27 осудените од април:

-Епа сега да се запрашаме зошто вака се однесуваат, не заради нас, не заради вас, заради нив. Оти кога ќе ги видат како ликови, кога ќе разменат думи со нив гледаат дека од овој човечки материјал не бива држава. Имате права, ама овие луѓе се однесуваат како да немаат никаква обврски, изјави Силјановска Давкова.

Пендаровски пак повторно место да говори за својата програма и тоа што би го правел ако остане во Вила Водно, реши најголем дел од својот говор да потроши во напади кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ривалот во изборната трка.

-Сегашнава опозиција беше 11 години на власт, а не паметиме дека донесе една единствена тешка одлука, затоа што преку носењето на стратешки одлуки, се остваруваат националните интереси, меѓутоа се губи рејтингот. А тие беа заинтересирани и тогаш и денес само за власта и за парите, а не за интересите на државата и граѓаните, изјави Пендаровски.

Наместо со Пендаровски во Штип, Ковачевски беше на партиски состанок во скопски Аеродром.

-Вечерва со нашите сограѓани од општина Аеродром, разговаравме за новата програма на СДСМ која содржи комплетни мерки за поддршка за граѓаните и поголеми плати и пензии, за визијата за проевропска Влада која ја дели и нашиот претседател Стево Пендаровски со кој заедно ќе ја постигнеме целта – Македонија членка на ЕУ!, напиша Ковачевски.

Бујар Османи пак на трибина говореше околу неговите познавања во надворешната политика, ги знаел сите обврски кои државата ги има во договорите со соседните земји.

-Го имам знаењето по однос на сите аспекти од договорите и обврските кои што ги имаме и тие кои што ги имаат другите страни. И сум најповикан, најкомпетентен да интерпретирам што содржи еден услов или што содржи условот на одредени други страни, изјави Османи.

Арбен Таравари пак најави повлекување од политиката, доколку тој изгуби од Османи и албанската опозиција изгуби од ДУИ на парламентарните избори.

-И на претседателските и на парламентарните секако. Претседателските ќе бидат еден индикатор за парламентарните избори. Така што, јас се надевам дека ќе ги добиеме без никаков проблем. (Во спротивно, поднесувате оставка?) -Така доаѓа, вели Таравари.

За евроинтеграциите говореше и Максим Димитриевски, Македонија требала да влезе во ЕУ, но со крената глава.

-Која е разликата меѓу мене и останатите кандидати, јас сум кандидат кој што излегува од граѓаните, работел и работи и ќе продолжи да работи за граѓаните, изјави Димитриевски.

Стевчо Јакомвски пак порача дека македонските граѓани се иселувале од државата поради погрешните политики на актуелната власт.

-Дали мислите дека и натаму треба да продолжиме со вакви политики и дали мислите дека не треба да поткренеме ентузијазмот и респектот, како и гордоста на македонските граѓани. 14 секунди, изјави Јакимовски.

Билјана Ванковска пак се пожали дека била сама во трката, сите други биле против неа.

-Билјана Ванковска е во тоа што ќе биде сама против шестмина, она што се состои во мојата програма нема да го најдете кај ниту еден друг, изјави Ванковска.

Кампањата за првиот круг од изборите, која влезе во третиот ден, трае до 22 април, а веќе вечерта на 24-ти ќе се знае кои двајца од седумтемина повторно ќе се соочат во втроиот круг на 8 ма