Претседателот Стево Пендаросвки најпрвин ќе се консултира со правни експерти па потоа ќе го потпише законот за попис велат за ТВ21 од кабинетот на претседателот. Додаваат дека ставот на претседателот ќе биде соопштен деновиве.
„Претседателот Пендаровски ќе изврши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став“, велат од кабинетот на Пендаровски.
А пак од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат претседателот на државата да не потпишува Законот.