Орхан Бајрами – Оки кој беше убиен денеска на Халкидики, пред неколку години се фотографирал со претседателот на државата, Стево Пендаровски. Фотографијата направена за време на изборната кампања за претседателските избори во 2019 година, денеска повторно беше објавена и актуелизирана по убиството на Орхан Бајрами, познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје и неформален лидер на т.н. група „Дуќанџик“.

Оваа фотографија беше објавена и во 2019 и тогаш беше „спорно“ друштвото со кое се фотографирал Стево Пендаровски, тогаш сè уште како кандидат за претседател. Ликовите на фотографијата со Пендаровски тогаш беа посочени како „локални шерифи од ДУИ кои не ги почитуваат законите“.

Од претседателскиот кабинет за „Макфакс“ посочуваат дека Пендаровски се фотографирал со сите кои ќе побарале. Според нив, фотографијата е направена пред четири години, за време на кампањата за претседателските избори. На прашањето како може Пендаровски да биде во друштво на водичи на нарко-кланови, како што се сметаше Оки, од Кабинетот на претседателот Пендаровски за Макфакс одговориле дека не се правеле безбедносни проценки за лица кои спонтано приоѓаат за фотографирање.