Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Рене Троказ, специјален пратеник за Западен Балкан на Француската Република.
– Соговорниците разговараа за актуелните состојби во државата, како и следните фази кои треба да се комплетираат како дел од процесот за пристапните преговори на РС Македонија со Европската Унија. На средбата стана збор и за односите со соседството и регионот на Западен Балкан во контекст на евроинтеграциите, како и за процесот на проширување на Европската Унија, при што двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите и перспективите на земјите во регионот во поширокиот геополитички и безбедносен контекст, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за француската поддршка и експертиза која ја добиваме во евроинтегративниот процес и изрази очекување од Франција, како еден од столбовите на Европската Унија, со својата поддршка, да даде суштински придонес за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
На средбата е констатирано дека македонско-француските односи се темелат на традиционално пријателство и меѓусебно разбирање и почитување.
Фото: кабинет на претседател на РСМ