Со сегашниот начин на живот, ќе ни бидат потребни речиси две планети за да обезбедиме ресурси за нашите тековни потреби, вели претседателот Стево Пендаровски.
– Но, не мора да биде така бидејќи можеме, но и мораме да го смениме текот на нашиот свет. Во моето обраќање на годинешниот почеток на Проектот за климатска акција, во којшто се вклучени многу ученици и наставници од неколку македонски училишта, истакнав дека климатските промени влијаат на сите и, поради тоа, климатските активности се наша работа. Нашата земја размислува да ги зголеми своите заложби и да ги зајакне своите напори во глобалната трка со времето за ограничување на глобалното затоплување. Што и да правиме, никогаш не смееме да заборавиме дека вистинската причина за жртвите што ги даваме денес се за благосостојбата на генерациите коишто доаѓаат, објави Пендаровски на Фејсбук.