Претседателот Стево Пендаровски во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека сите оние кои мислат дека Бугарија ќе ги почитува пресудите од Судот за човекови права во Стразбур, сеат само политичка магла и ги замајуваат граѓаните, а целта им е да седнат во фотељите, и да се однесуваат, како што рече, како екс премиерот Никола Груевски.

„Ако ги признаат Македонците и признаат пресуди во Судот на Стразбур, дај Боже да биде, јас ви тврдат дека не е можно, познавајќи ја тврдата националистичка политика на Бугарија. Тоа е замајување на обичните луѓе. Тоа е сеење политичка магла, да добијат поени и да се однесуваат како Груевски 11 години. Ништо не правеше да се приближиме до ЕУ, а од усте не ги вадеше“, изјави Пендаровски.