Консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, за „Макфакс“ потврди дека вечерва во полиција поднел пријава дека е таргет на следење на тајна разузнавачка служба, за која, како што рече, се сомнева дека е блиска со една партија.
На прашањето дали поднел пријава, Пендаровски кратко одговори: Да, вечерва до СВР Скопје“. Од МВР за „Макфакс“ рекоа дека немаат информации дали по 16 часот е стигната пријавата од Пендаровски.
Кaндидатот за претседател во ТВ интервју рече дека откако било објавено дека е претседателски кандидат, го следи тајна разузнавачка служба.
„Тоа се структури врзани со една голема опозициска партија, за која имаше во јавноста извештаи дека на дневна основа прави евиденција каде одите вие, јас… Ова денеска е трета или четврта фотографија во низа во последните 10 дена. Тврдам дека станува збор за 24-часовно физично следење на мене, веројатно и на членовите на моето семејство“, ијзави Пендаровски.
Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, пред неколу денови го повика Пендаровски да го пријави случајот во полицијата.