Претседателот Стево Пендаровски објави дека денешни гости му биле претставници на училиште од Косово со кои разговарал за неговата работа и активности.
– Во рамки на #ОтворенКабинет, денешни посетители беа претставници од училиштето за странски јазици Kliti School од Косово при што разговаравме за мојата работа и активности. Гостите имаа можност и да се запознаат со функционирањето на Кабинетот и работните простории во кои се одвиваат различни настани и средби, објави Пендаровски на својот официјален профил на Фејсбук.
Верувам, додава Пендаровски во објавата, дека бевме добри домаќини и дека денешната посета ќе им остане во пријатно сеќавање. Во прилог шефот на државата објавува и галерија фотографии од денешната негова активност.