Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на својот профил на Твитер порача дека насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата изразувајќи сочуство и солидарност со американските граѓани по синоќешните настани во Вашингтон.
-Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани, напиша Пендаровски.