Стево Пендаровски во интервју за Канал 77 изјави дека досега ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат.
„Не е точно дека само Пендаровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат. Ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секој пат ти дава писмен одговор – „вашето барање е одбиено“. Тоа што ги споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ … Такво нешто нема досега нема добиено ниту еден политичар на локално или централно ниво. Никој политичар нема добиено негативно решение или да е формално одбиен од НАТО“, рече Пендаровски.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, изминативе денови постојано ги прозиваат министрите Спасовски и Маричиќ прашувајќи дали е точно дека не добиле безбедносни сертификати од НАТО.
„Мислам дека се работи за апсолутен скандал и минимум што треба да направат е да поднесат оставка. Еве една јавна провокација до двајцата: дали едниот нема безбедносен сертификат заради соработка со служби коишто не се дел од НАТО, а вториот заради корупција“, изјави вчера Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.