Познатиот шпански режисер Педро Алмодовар во неговиот нов филм „Бол и слава“ повторно ги спои Пенелопе Круз и Антонио Бандерас.

Sony Pictures објави дека премиерата на филмот ќе се одржи на 22 март во Шпанија, а се уште е непознато кога ќе почне да го прикажува овој филм во кината низ целиот свет.

Во новиот филм на Педро Алмодовар, Бандерас глуми лош режисер, кој го преиспитува својот живот додека околу него светот се руши. Филмот е опишан како серија средби, од кои некои се вистински, а некои се имагинарни.

Пенелопе Круз и Антонио Бандерас заедно работеа на филмот “I am so excited” во 2013 година, кој исто така беше во режија на Педро Алмодовар.