Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ги објави плановите за формирање на шестти род на армијата така наречени Вселенски сили до 2020 година.
– Потребно да се обезбеди доминација на САД во Вселената, по зголемената конкуренција и порастот на закани од Кина и од Русија, истакна Пенс.
Тој формирањето на Всленеските сили го опиша како „идеја, на која и е дојдено времето“ за реализација.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави формирање на „одвоени, но еднакви“ Вселенски сили.
За каков било предлог за формирање на нови Вселенски сили потребно е да се изјасни Конгресот.