Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја обвини Венецуела дека учествува во финансирање на „караванот мигранти“ кои минуваат низ Мексико и се движат кон САД.
– Тој караван е организиран од левите фракции во Хондурас и е делумно финансиран од Венецуела. Сето тоа се заснова на изјави на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Ернандес кој лично ми го кажа тоа, изјави Пенс за телевизијата Фокс Бизнис.
Тој додаде дека караванот е испратен со цел да се спротистави на законите на САД преку незаконско влегување во нивната територија.
– Претседателот Трамп рече дека нема да го дозволиме тоа, изјави Пенс и потсети на одлуката за испраќање 15.000 американски војници за поддршка на пограничните и царински служби на границата со Мексико.
– Ние во САД имаме имиграциска криза и поради тоа тој караван природно предизвикува загриженост кај нас, изјави Пенс.