Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека Јужното Кинеско Море не е сопственост на само една држава и оти американските бродови и авиони и натаму ќе преминуваат по и над него, согласно нормите на меѓународното право.
Пред лидерите од земјите од Југоисточна Азија, Пенс истакна дека во регионите на Индискиот и Тихиот Океан нема место за „империи и агресија“.
Американските медиуми коментираат дека изјавата на Пенс сигурно ќе ја налути Кина, која пред една недела упати повик до САД да запрат со испраќање свои бродови и воени авиони во близина на острови врз кои Пекинг тврди дека има право во Јужното Кинеско Море.
Освен Кина, претензии за тоа море и неговите острови искажуваат Брунеи, Виетнам, Малезија, Тајван и Филипините. Преку Јужното Кинеско Море годишно се одвива трговски сообраќај за околу три милијарди долари.