Околу две третини од руските војници, кои беа стационирани околу Киев, веќе го напуштија регионот и се наоѓаат во Белорусија. Ова им го соопшти на новинарите висок претставник на американското Министерство за одбрана, пренесе Си-Ен-Ен.
Војниците, кои ја напуштија областа околу Киев, „се упатуваат кон север“ и се движат кон Белорусија, истакна официјалниот претставник. Според него, САД веруваат дека трупите ќе бидат повторно формирани, опремени, можеби дури и зајакнати со дополнителни сили, а потоа ќе бидат вратени во Украина за да продолжат да се борат на друго место.
САД веруваат дека овие војници ќе бидат „користени во источниот дел на Украина, во регионот на Донбас“. Високиот претставник на Пентагон додаде дека жестоките борби за Мариупол продолжуваат, но „нема знаци дека Русите постигнале некаков напредок“ во заземањето на градот. Според Пентагон, руските сили сега се „многу позафатени со одбраната“ околу Керсон.
– Во моментов, Русите се некако притиснати меѓу Керсон и Миколаев. Меѓутоа, руските трупи сега се бранат околу Керсон наместо да напаѓаат, додаде официјалниот американски претставник.