Пентагон денеска соопшти дека издвоил нов пакет воена помош за Украина, вреден 150 милиони долари. Пакетот вклучува радарска против-артилериска опрема, воена електроника и средства за одбрана од напади со беспилотни летала, што дополнително ја зајакнува украинската армија среде зголемените тензии со Русија.
Оваа нова воена помош во вредност од 150 милиони долари доаѓа откако Пентагон на 1 март веќе соопшти за пакетот помош за оваа земја вреден 125 милиони долари.
Американскиот претседател Џо Бајден на својот украински колега Володимир Зеленски му соопштил дека во текот на самитот на 16 јуни во Женева со рускиот претседател Владимир Путин ќе се заземе за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Украинскиот министер за одбрана, Андри Таран, денеска оцени дека вториот дел од американската помош е „разумен и навремен“.