Русија ги зајакна своите воени сили распоредени на границата со Украина во текот на викендот, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, и покрај најавата на Москва дека завршува некои од воените вежби.
– Рускиот лидер Владимир Путин продолжува да испраќа сили долж границата со Украина и во Белорусија, дури и во текот на изминатиот викенд. Таму веќе се наоѓаат над 100.000 војници, истакна Кирби за Си-Ен-Ен.