Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД ги повлекле воените бродови од Црно Море.
Тој додаде дека американската воена команда ги повлекла бродовите од Црно Море како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина станува неизбежна.
– На сите треба да им е јасно дека САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување сили, посочи Кирби.