Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни.

Со овие препораки, како што информира Владата, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28 јуни.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензии до 11 000 денари да се исплатат на 28 јуни, за пензиите со висина од 11 000 до 14 000 денари да се изврши исплата на 23 јуни, корисниците на пензии во висина од 14 001 до 18 000 денари ќе ја добијат пензијата на 30 јуни, а оние со пензија над 18 001 денари на 1 јули 2022 година.