Апсолутно да. Ова е одговорот на министерот за локална самоуправа Златко Перински на прашањето дали се уште е на ставот да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори во „Наткаст“ на Курир со Љупчо Цветановски.

Перински вели дека е мотивиран и смета дека дел од неговото искуство во минатото и во јавниот сектор додека работел во рамки на Градот Скопје имал прилика да ги види најголем дел од проблемите и аномалиите со кои се соочува Градот Скопје.

Тој додаде:

Јас земам плата. Мене ова ми е обврска да го работам. Не можам да се мешам во ингеренции за други ресори, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински на обвинувањата дека предвреме ја започнал кампањата за локалните избори во надеж за негова кандидатура.

-Јас сум министер за локална самоуправа. Министерството тангира две области, тоа е локалната политика и регионалниот развој. Јас не можам да сфатам зошто досега министерот за локална самоуправа немал прилика или желба или можност да оди во посета на локалните самоуправи, да ги слушне потребите на оние кои го спроведуваат законот за кој е тој одговорен. Но, и да слушне кои предизвици ги имаат граѓаните на ниво на исползување на бенефитите од локалната политиката, истакнува Перински во гостувањето во „Наткаст“ на Курир со Љупчо Цветановски.

Министерот посочува дека поразително е што локалната политика и политиката на регионалниот развој во изминативе 15 години биле само бројка во рамки на владата.