Министерот за локална самоуправа Златко Перински се сретнал со амбасадорката на Република Словачка во Македонија Ивета Хрицова. Посебен фокус на средбата била поддршката која се обезбедува за локалната самоуправа и се разгледале нови можности за соработка преку значајни активности.

-Остварив значајна и конструктивна средба со амбасадорката на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова. Разговаравме за активностите кои Словачка ги поддржува во нашата држава, со посебен фокус на поддршката која се обезбедува за локалната самоуправа. Воедно, разгледавме и нови можности за соработка преку заеднички активности. Нашата определба за градење самоодржливи, економски стабилни и транспарентни општини останува приоритет и во периодот што следи, објави Перински.