Властите во Перу евакуираа повеќе стотици луѓе кои живеат во близина на вулканот Убинас, откако почнал да исфрла пепел.
Националниот институт за цивилна заштита наредил евакуација на околу илјада луѓе во регионот Мокенгва, откако бил исфрлен пепел и до 25 километри околу вулканот поради две експлозии.
Во градовите околу вулканот била откажана училишната настава, а на жителите им се поделени маски и очила како заштита од пепелот.
Убинас е најактивниот вулкан во Перу.