На 09.12.2023 во 21.10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран, информира МВР.
На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
На 09.12.2023 во 19.45 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Никола Карев“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од с.Студеничани, удрило во пешакот В.Б.(61) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.