Го читам Стефан Богоев и морам неколку работи да му пишам вака јавно и отворено:
Локалните избори се оддржаа во октомври 2021 година и резултатите од истите се:
-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 42 градоначалници + Град Скопје
-СДСМ – 16 + 2 од вчера = 18 градоначалници
Бројките во Советници се:
-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 468 советници
-СДСМ – 369 советници
-За Карпош посебно нема да пишувам, бидејќи за тоа како си работел како градоначалник зборува фактот што СДСМ не те кандидираше за втор мандат.
И конечно за крај по однос на анкетите. Зошто Стефане ова силење по социјални мрежи? Ајде соберете сила со Таче и
да одиме на предвремени парламентарни избори па да видиме каков ќе биде резултатот.
А што викаш за ова?
Но не сакате, бидејќи знаете што мисли народот за вас и вашата политика. Градоначалничките позиции ги изгубивте, а ако одите на предвремени парламентарни ќе ги загубите и функциите на Бихачка, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.