Пратеничката Жаклина Пешевска му порача на пратеникот Павле Богоевски дека е на добар пат да стане судија.
– Сакав да ве гледам в очи кога се соочувате со одземање на имунитет. Ова е толку нечовечко, неколегијално. Многу ниско, премногу ниско, рече Пешевска.
Таа на денешната седница на собраниската комисија, на која се одлучува за одземање на пратеничкиот имунитет на Љупчо Димовски, говореше и за нејзиното приведување и одземањето на имунитетот. Пешевска на другите пратеници им посака никогаш тоа да не им се случи.