Оваа власт со бројните афери и скандали кои ги креира, и освен криминал се фаќа единствено за уставни измени наместо да се грижат за граѓаните, рече пратеничката Жаклина Пешевска и претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
Пешевска укажа дека уставните измени се затворено прашање за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие се затворена тема за нас, ние ниту сме биле дел од било какви разговори, ниту сме информирани, ниту некој воопшто не слушнал што сме зборувале на темите во врска со договарањето со Бугарија и Грција. Дополнително дали воопшто е направена анализа кој користи говор на омраза, има брутален говор кон Македонија, но нашата Влада не реагира“, рече Пешевска.
Таа укажа дека е јасно кој и во која земја има демократија или не.
„Зарем демократија е непочитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур. Има пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, но официјална Софија не ги почитува“, кажа Пешевска.
Пратеничката укажа дека не гласала ниту за уставните промени по Преспанскиот договор, нема да гласа ни сега.
„Ниту ме барале, ниту ќе ме бараат да разговараат со мене, јас го поминав процесот и со уставните измени претходно и не гласав. Нема да гласам сега ниту било кој од пратеничката група. Знаат и во власта дека немаат пратеници тие се во тешка политичка криза, и нека го гледаат тоа, а не прстот да го вперуваат кон нас“, укажа Пешевска.
Според пратеничката корупцијата е многу поголем проблем. Потребно е додадава таа, да се почитуваат начелата како владеење на право, демократија и слично.
„Ние немаме датум за преговори со ЕУ зошто нема владеење на право, власта само го штити криминалот“, заклучи Пешевска. Пешевска се осврна и на измените на Кривичниот законик.
„Јасно укажаа европските претставници дека измените на КЗ не се и не произлегуваат од делот на усогласување со европскотоз законодавсто. Власта го искинаа од злоупотреба евроското знаменце“, рече Пешевска.
Според Пешевска има начин да се поправат состојбите во земјава, само треба чесен пристап и грижа за граѓаните. Таа се осврна на скандалите поврзани со Владата на СДС и ДУИ.
„Кога гледав колку Бујар Османи е шокиран дека не знае кој ја финансира партијата и дека истата фирма и истите лица добиле и тендер, не знам кого повеќе да жалам дали него или Артан Груби кој вели дека нема сопствено возило“, саркастично забележа Пешевска која укажа и на низата недоследности и во случајот со изградба на коридорите 8 и 10д.
„Обвинителството отвори истражна постапка но нема никакво поместување, која е целта на изградбата кога пари веќе се одлеваат. Ова е еден лов во матно и ништо повеќе ништо нема транспарентно. Зборувам за постапките кои не биле по процедура во делот на коридорите 8 и 10д“, кажа Пешевска.
Пешевска укажа дека процесот на рехабилитација на областите во државата ќе оди многу тешко.
„Законите мора да се спроведуваат, а кај нас само цвета криминал. Конкретно за случајот Онкологија во 2017 година имало като систем за контрола на лекарствата за онколошки болни, а го заклучиле во подрум. Како мирно спијат луѓето кои го препродавале лекарствата. За оваа криминална бизнис мрежа говорат многу институции и извештаи. Овој случај мора да има разрешница“, рече Пешевска.