Министри од Владата на поранешниот премиер Никола Груевски ќе станат дел од советодавниот тим „За татковината со љубов“ на вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Се работи за поранешните вице-премиер Владимир Пешевски и министерот за финансии Кирил Миновски, а оваа вест беше потврдена и од вицепремиерот Битиќи, кој иако одбегна да ги спомене, изјави дека „може да каже дека и тие двајца си ја сакаат татковината“ на телевизија Телма.