Доколку тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу ми дал наредба, а јас не сум постапил по неа тоа би било нотирано уште истата вечер, а министерот би повел дисциплинска постапка или пак кривична пријава, рече обвинетиот Митко Пешов во завршните зборови за судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.
-Таква постапка не беше поведена и напротив по настанот со министерот имав одлични и професионални односно, додаде Пешов.
Тој на судечкиот совет му посочи дека треба да се разграничи кој ја има сребрената команда, тој во завршните зборови детално ја образложи процедурата за издавање наредби при такви ситуации.
Во Кривичен продолжуваат завршни зборови да даваат останатите обвинети, а по Пешов завршни даваше Душко Лазаров.
Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.
На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.