Специјалната воена операција на Русија во Украина ќе заврши кога ќе се остварат сите цели што ги постави претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Сè уште нема преговарачки процеси, знаете, украинската страна одбива какви било преговори“, изјави Песков на новинарите, пренесува „РИА новости“.
Директорот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, претходно денеска изјави дека Русија е блиску до постигнување на целите на специјалната операција, дека украинската армија е на работ на колапс, а режимот на Володимир Зеленски нема легитимитет и капацитет за преговори.