Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста за нов телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, по посетата на специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф, на Русија.

„Теоретски е можно да има разговори“, изјави Песков.

Путин вечерва разговараше со Виткоф, објави Песков.

Тој беше прашан како започна средбата.

„Редовен, деловен состанок. Тоа е работен состанок“, рече Песков.

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација истакна дека средбата била долга.