Кремљ смета дека е интересна понудата на Елон Маск, основачот на компаниите „Спејсекс“ и „Тесла“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на социјалната мрежа Клабхаус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Оваа понуда, како што наведе, треба детално да се разгледа, пренесе агенцијата ТАСС.
– Прво сакаме да ја разбереме понудата, рече Песков.
Тој потсети дека рускиот претседател не користи социјални мрежи и дека нема никакви лични налози.
Песков истакна дека понудата на Маск е многу интересна, но дека тие прво мора да разберат што мисли, за што станува збор, а потоа ќе одговорат.