Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе соопшти дали и кога сака да прими вакцина за коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Самиот ќе информира дали и кога сака да се вакцинира, рече Песков.
Руските медиуми потсетуваат дека во август во Русија беше регистрирана првата вакцина против коронавирусот, што беше тестирана врз доброволци беше во јуни и јули. Првата серија на вакцината за комерцијална употреба беше пуштена минатата недела.
Вакцината го доби името „Спутник V“.
Рускиот претседател претходно најави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември.