Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат денес во Алјаска. Главни теми на разговорите – прашањето за Украина и нормализацијата на односите меѓу Москва и Вашингтон. Средбата започнува во 21:00 часот по централно европско време.

„Разговорите меѓу Путин и Трамп би можеле да траат најмалку 6-7 часа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Како што е најавено, Путин и Трамп прво ќе разговараат насамо, а потоа средбата ќе продолжи како дел од работен појадок на кој ќе учествуваат и руски и американски делегации.

Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, претседателскиот помошник Јуриј Ушаков, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов и специјалниот претседателски претставник за инвестиции и надворешна економска соработка Кирил Дмитриев. По состаноците е закажана заедничка прес-конференција, а руската делегација планира веднаш потоа да ја напушти Алјаска.