Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е неприфатливо да се зборува за соборување на владата во Иран, а камоли за преземање такви акции.

Во интервју за „Раша тудеј“, Песков потсети дека рускиот претседател Владимир Путин, на состанокот што го одржа завчера со раководителите на меѓународните новински агенции, кога му беше поставено прашање на оваа тема, рекол дека „дури и не сака да зборува за тоа“, пренесува „Интерфакс“.

„Ова покажува дека, секако, ова е целосно неприфатливо“, рече Песков.

Тој додаде дека „самото поставување на такво прашање“ е „неприфатливо“ за Русија.

„Сметаме дека е неприфатливо да се водат такви разговори, а уште понеприфатливо да се преземат такви дејствија“, рече портпаролот на Кремљ.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека дури и не сака да разговара за можноста Израел да го убие иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.